Press "Enter" to skip to content

Плоштадот “Гоце Делчев“ во Битола ќе биде пешачка зона

Со цел растеретување на сообраќајот во централното градско јадро, по примерот на европските градови, општина Битола, во континуитет работи на спроведување на решенија кои ќе ја намалат фреквенцијата на возилата во центарот на градот, а со тоа ќе се влијае на подобра уреденост, зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот и намалување на аерозагадувањето од возилата во центарот на Битола.

Во оваа насока, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, побара од јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг изработка на Основен сообраќаен проект за воведување на пешачка зона на плоштадот „Гоце Делчев“.Сообраќајниот проект се работи според сообраќајна студија и идеен сообраќаен проект со динамичка микроскопска симулација за организирање на режим на сообраќај во централно градско подрачје во Битола. Претворањето на паркингот во пешачка зона е само еден дел од целата студија, а изработени се и два сообраќајни проекти за централното градско подрачје за претворање на улици од двонасочен во еднонасочен сообраќај, пешачки зони, смирен сообраќај и друго.

Покрај тоа што паркингот ќе стане плоштад, општината ќе побара од јавноста и експертите во областа, да понудат идејно решение кое ќе даде добра насока за целосно уредување на плоштадот со нови содржини.

More from ВестиMore posts in Вести »