Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден малолетен пешак

На 13.06.2024 во 16.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Козјак“ во Битола, патничко моторно возило марка „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19 годишник од Битола, удрило во малолетен пешак од Битола.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »