Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува примена на ултрасонографија во скрининг на гастритис ,хијатус хернија и улкусна болест, за што вели:
-Примена на ултрасонографија ехо на абдомен во процена на промени на желудникот (антрум) и дуоденумот како скрининг метода е значајна итоа со следните промени : присуството на многу хиперехогени гасови укажуваат најчесто на присуство на хроничен гастритис ,дополнителната зголемени димензии и дистендираност на хијатус хернија и можно присуство на ГЕРБ, додека хипоехогеното задебелување на дел од мукоза на желудникот или дуоденумот со централна ехогеност на улкусна болест на желудникот или дуоденумот кој е дистални анатомски поставен.
Дополнително значајни во поставување на дијагноза е клиничката слика лоцираност на болка и нејзина поврзаност со дадена храна, стрес, цигари алкохол, испитување на хеликобактер инфекција и гастроскопија како најточна метода.
Лекувањето е со хигиенодиететски режим, H2 блокатори на водородни пумпа, антациди и пробиотици при компликации како крварење или перфорација на улкус на желудник или дуоденум со интервентна гастроскопија и хирургија.






