Press "Enter" to skip to content

Илче Блажевски нов претседател на Ротаракт клуб Битола

Нов претседател за новата ротаријанска година на Ротаракт клуб Битола е Илче Блажевски од Битола, кој оваа функција ја презеде од сега веќе екс-претседателката Криста Павлоска.

-Заврши уште една успешна ротаријанска година. Имавме многу нови проекти, неколку веќе редовни проекти, донации, дружби и состаноци со нашите членови но и членовите од светот. Се гледаме наредната година со нови сили и цели, порачаа од Ротаракт клуб Битола.Инаку, Ротаракт е меѓународна организациіа на млади професионалци и лидери на возраст од 18 до 30 години кои се обврзале да служат и помагаат во нивната заедница, но и надвор од неа. Основана во 1968 година од страна на Ротари Интернационал, Ротаракт е глобална мрежа на млади луѓе кои го менуваат светот со клубови во повеке од 160 земи во светот. Членовите на Ротаракт клубот ке се залагаат за подобри мегучовечки односи на сите луге насекаде низ светот преку призателство и со взаемно помаганье и почитување.

Ротаракт Клуб Битола, основан 2001 година е дел од Ротаракт Интернешнл, под менторство на Ротари Битола, ко обединува млади професионалци и студенти помеѓу 18 и 30 години.

More from ВестиMore posts in Вести »