Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 година: одбележан Денот на македонската адвокатура во Битола (фото)

-Адвокатите од Битола на скромен начин го одбележаа, 16 јуни, Денот на македонската адвокатура. По тој повод, Адвокатската заедница Битола, изврши реконструкција на спомен-обележјата на адвокатските приправници и учесници во НОБ Никола Тодоровски (Коле
Канински) и Јосиф Христовски- Звончарот, кои се наоѓаат пред зградата на Апелациониот суд во Битола, се сеќава Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Бистите во 1981 година, на Коле Канински и Јосиф Христовски- Звончарот адвокатската комора на Македонија ги подари и постави пред Судот со цел да помогнат во афирмацијата и вредноста на адвокатурата, посебно во демократското општество, бидејќи адвокатурата е основен гарант за почитување на основните човекови слободи и права.Адвокатот Никола Главинче, тогашен претседател на Адвокатската заедница- Битола положи свежо цвеже на бистите заедно со адвокатите и претставници на ОО на Сојузот на борци Битола, кои активно се вклучија во чествувањето на ликот и делото на адвокатските приправници, а подоцна и учесници во НОБ.

More from ВестиMore posts in Вести »