Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер од Битола со донација за самохрана мајка чии три ќерки тренираат кошарка

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола денес во просториите на Општинската организација на Црвениот крст во Битола реализира донација. Се работи за ваучери кои се купени со средства од парите од купени влезници.

Претседателката на Општинската организација на Црвениот крст од Битола, Лилјана Ристевска, рече:

-Се израдувавме за донацијата од кошаркарскиот клуб Пелистер од средствата од влезниците по повод празникот на жената 8. Март. Програмата ХПВ годинава беше наменета за млади спортисти и токму во таа насока ја доделуваме денешната донација од кошаркаркиот клуб. Ваучерите ќе бидат доделени на самохрана мајка чии три ќерки тренираат кошарка.

Директорот на КК Пелистер, Филип Ивановски, на доделувањето на донацијата на Црвениот крст рече:

-Ние немавме никаков предлог на кој да му се додели донацијата, туку тоа го оставивме на Црвениот крст. Денес не известија дека таа ќе оди кај три млади кошаркарки, што да бидам искрен ме израдува. Сакам да кажам дека се работи за донација од средства кои беа собрани од продажба на влезници од кошаркарскиот натпревар одигран на 8. Март, кога влезот за жените беше слободен.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »