Press "Enter" to skip to content

Младите од Пелагонија, во Битола дебатираа за тоа дали е подобро да се студира на приватен или на државен Универзитет (фото)

-НЕ Е ВАЖНО ДАЛИ Е ПРИВАТЕН ИЛИ ДРЖАВЕН ФАКУЛТЕТОТ ТУКУ ДА СЕ ОДБЕРЕ КВАЛИТЕТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ.

Младите од Пелагонискиот регион во Битола дебатираа заедно со академската фела, дали е подобро да се студира на приватен или на државен Универзитет.Во преполната сала на кино “Манаки“, Ректорите на битолскиот државен универзитет „Св. Климент Охридски“, д-р Игор Неделковски и д-р Аце Миленковски од приватниот Универзитетот “Скопје“ ги одбранија своите високообразовни институции со аргументи за квалитетот на наставата која ја нудат.Доминираа тезите дека државните факултети нудат знаење и традиција наспроти технологија и современи методи на учење кои се практикуваат на приватните факултети.Од друга страна, студентите на панелот јавно кажаа дека најважно е да се заврши факултет со кој ќе може да се вработите веднаш по дипломирањето но и дека студентите најчесто бираат факултет кој им е подостапен, и финансиски и географски.Во таа смисла, Силвија Попчановска, студентка на постдипломски студии на БАС академијата „Смилевски“ од Битола, рече дека е важно да се запрашаме колкав е бројот на студенти кои дипломирале, а останале без работа или пак се вработиле на позиции кои не се соодветни на нивните дипломи.Публиката, во која седеа повеќе од стотина млади од регионот и професори од државниот и приватните универзитети во регионот, го отвори прашањето, кој нуди квалитетно високо образование? Дали приватните факултети делат дипломи како тоа да се обични безвредни листови хартија, а пак дали државните се заминати на „пауза“ која трае веќе 30 години?Д-р Илиос Вилос, редовниот професор на Техничкиот факултет во Битола, изјави дека вистинскат борба меѓу Универзитетите не треба да се води меѓу приватните и државните бидејќи како што рече „додека дел од професорите вербално се напаѓаат меѓу себе дали е подобро да се студира на државен или на приватен факултет во Македонија, младите ни заминуваат да студираат во странство, во Словенија, Грција и Бугарија. Тоа е вистинската опасност, таму нудат европски дипломи по многу поволни услови за студирање а јас тврдам дека квалитетот на наставата, особено на техничките и градежни струку не е ништо повисок од оној што го имаме овде“.Се дебатираше и околу прашањето дали партиципацијата за студирање со која се финансираат факултетите, ги втурна државните Универзитети во трка за запишување на огромни бројки на студенти наместо во трка по квалитетни студиски програми и квалитетни дипломци?Од друга страна, приватните факултети имаат повеќе од 80% дипломирани наспроти запишани студенти. Дали овие високи бројки говорат дека студирањето на приватни високо-образовни инстиуции е „лесно“?Младите од регионот беа едногласни, најважно е да се одбере квалитетно високо образование, да се стигне до диплома со која лесно се наоѓа работа.Емилиа Ѓероска, претседател на Про локал го сподели јавно ставот на граѓанскиот сектор, дека високообразовниот систем системот затајува, не одговара на потребите на младите кои од ден во ден ја губат довербата во високото образование во целост, независно дали станува збор за државни или приватни Универзитети и дека се приморани да размислуваат за студирање надвор од земјава ако сакаат да се стекнат со вештини и знаења кои се апликативни на пазарот на труд и со кои можат полесно да најдат работа по дипломирањето.Дебатата ја организираше Про Локал заедно со локалните партнери од Пелагонискиот регион, а со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија.

More from ВестиMore posts in Вести »