Press "Enter" to skip to content

Вонредна седница на Советот на Општина Битола за одлука да не се затвора улицата “Димитар Илиевски – Мурато“

Денес се одржува вонредна седница на Советот на Општина Битола со една точка на дневен ред.

Точката по која се расправа е: промена на одлуката за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќајот во централното градско подрачје во Битола на ул. “Димитар Илиевски – Мурато”, од раскрсницата со улица “Никола Тесла” до влезот на паркингот пред Центарот за култура.

Вонредната седница е по предлог на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој побара измена, да нема затворање за сообраќај на оваа улица во периодот од 19 до 24 часот, со цел побрз проток на сообраќајот со 0глед на тоа дека неколку улици низ централното градско подрачје за затворени заради градежни активности.

More from ВестиMore posts in Вести »