Оптика “Диоптрика“ пред некој ден, направи настан посветен на децата, затоа што светот на детска оптика е важен сегмент кој честопати е занемарувам од возрасните. А толку ни се важни децата…

Под мотото “Гледаме сјајно“ направивме нашите мали херои да не посетат и откријат дека нема ништо страшно во прегледот на видот. Направивме и одлични интерактивни игри и забава. Мора да признаеме дека и возрасните се забавуваа исто како и децата, истакна Мариа Димовска-Цветковска од “Диоптрика“.
Поделија и дипломи за “Најубо чупе“ и “Најкул дете“ како награда за нивните мали “Диоптрика“ клиенти, зошто децата заслужуваат внимание, љубов и грижа за нивните очи.






