Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и каснување од куче скитник

Секторот за внатрешни работи Битола – Отсек за општ криминал при СВР  Битола денеска (20.06.2024) поднесе кривична пријава против 42 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, казниво по член 133 од Кривичниот законик. На 18.06.2024 во 22.30 часот на бензинска пумпа во Битола, по претходна расправија со вработените во агенција за обезбедување во објектот, пријавениот им се заканувал со огнено оружје.

На 19.06.2024 во 22.20 часот во СВР Битола, Н.С. (42) од Битола пријавила дека во близина на старата касарна била касната од куче скитник.