Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер во “третиот шешир“ за жребка во АБА2, нема “балони“, во Битола ќе се играат АБА натпревари

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола и наредната сезона ќе биде дел од АБА2 лигата, заедно со МЗТ Скопје, а неизвесно е играњето на Работнички кој треба да добие „вајлд-карта“ откако ќе ја упати побараната сума.

Во АБА-2 во новата сезона ќе има 16 екипи, ама по четири години нема да се играат „балони“, туку ќе се играат мечеви дома и гости.

По четири екипи ќе се поделат во четири групи (А, Б, Ц и Д). Составот на групите уште не е утврден, а пред ждрепката екипите ќе бидат во четири шешири.

Пелистер е во “третиот шешир“ заедно со Цедевита Ј., Динамо Загреб и Илирија.

Прв шешир: МЗТ, Подгорица, Војводина и Златибор
Втор шешир: Борац, Хелиос, Сутјеска и Широки
Трет шешир: Цедевита Ј., Динамо Загреб, Илирија и Пелистер
Четврти шешир: Босна и Теодо, Работнички и Вршац

По првата групна фаза во која ќе се игра во системот дома-гости, по два тима од секоја група одат понатаму во ТОП-8, каде се формираат две групи – Е и Ф. По два тима од овие групи одат во полуфинале во кое се игра до две победи, а исто е и со финалето.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »