Press "Enter" to skip to content

Ненад Лазиќ: се е подготвено, одбројуваме часови до стартот на третата “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фотогалерија)

-Завршени се сите  подготовки за планинската трка “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ во Битола, рече директорот на оваа супер интересна трка, Ненад Лазиќ, денес на  попладневното доделување на стартните броеви и додава:-Тука, утре наутро во 8 и 9 часот во Битола, кај Офицерски дом, ќе биде стартот на двете  трки на 54 и 23 километри, а ние сега одбројуваме часови. Не само ние кои сме вклучени во организацијата, часови одбројуваат и ги завршуваат подготовките најдобрите тркачи, кои веќе се во Битола. Тука се подигнуваат стартни броеви за детската трка “Траилко“ која стартува в недела во 11 часот. На платото кај ОФицерски дом во Битола веќе пристигнаа топ тркачите ги подигнаа стартните броеви и опремата за следење, а директорот им го објаснува поединостите за полесно поминување на патеката, но за гостите од Швајцарија и Хрбатска, Лазик “украде“ и минути за ладно пиво и да им посака добредојде и успешна трка.-Веќе ги гледате тука и битолскиот “ајрон мен“ Вања, тука се и сите битолчани кои утре ќе се тркаат по Пелистер, а заедно со нас се волонтерите кои им помагаат на натпреварувачите околу сместувањето, подигнување на стартните броеви, и им одговараат на секое прашање. За “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ атеката е одлично подготвена.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »