Press "Enter" to skip to content

“Вистинска парада на гордоста” во Битола, по Широк Сокак, по трет пат (фото)

“Вистинска парада на гордоста” по трет па се одржа вечерва низ Широк Сокак во Битола, почнувајќи од плоштадот “Магнолија“, каде во 20 часот се собраа битолчани. Пред битолчани на “Магнолија“ се обрати Игор Петковски, кој рече:-Браќа и сестри, ова е “Вистинска парада на гордоста” која по трет пат се организира во Битола, а со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко… “Вистинската парада на гордоста“ се организира според начелата за кои сме: дом, семејство, родители – мајка и татк0… Тука, по трет пат, сме собрани заради нашите најмили, нашите деца и за нивната иднина. По обраќањето битолчани одржаа и марш по Широк Сокак, кој заврши во градскит парк, каде имаше и други обраќања.

More from ВестиMore posts in Вести »