Press "Enter" to skip to content

Иван Радев од Македонија и Лева Гриниеце од Летванија победници на трката од 54 километри на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фотогалерија)

Победник на ултра маратонската трка “Неолица 54“  на 54 километри, која стартуваше утрово во 8 часот во Битола, во рамките на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ во организација на истоименото здружение од Битола, е Иван Радев од Македонија кој ја истрча патеката за 6 часа 47 минути и 30 секунди.Второпласиран е Никола Илиевски исто така од Македонија со време 7 часа и 10 минути, а третопласиран е Алекдандар Војневски Еленин со време 7 часа и 39 минути.На 54 километри жени најдобра е Лева Гриниеце од Летванија со време 8 часа и 29 минути. Второпласирана е Николета Поповиќ од Србија со време од 9 часа и 3 минути.Во машка конкуренција на 23 километри на трката “Неолица 23“ најдобар е Александар Милевски од Битола  со време 3 часа и 2 минути, второпласиран е Ацо Крстевски од Битола со време 3 часа и 5 минути и на трето место е Даниел Станковски од Македонија со време од 3 часа и 9 минути.Во женска конкуренција на 23 километри победничка е Вера Урдаревски од Македонија со време од 3 часа и 21 минута. Второпласирана е Александра Танасовска од Македонија со време од 3 часа и 40 минути, а на трето место е Викторија Тодоровска од Макед0нија со време од 3 часа и 46 минути.Настанот на “Нижеполе“ и прогласувањето на победниците помина во одлична организација во секој поглед, а беше организиран како и на сите големи ултра маратони во светот, а присутние имаа причика да се дружат и забавуваат со водителот Марко и ди-џеи.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »