Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 31 годишник уапсен за марихуана, кај стадионот пронајдени 10 стари артилериски гранати

На 24.06.2024 во 00.50 часот на улица „Смилевски конгрес“ во Битола од страна на полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот лишен е од слобода 31 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против лицето ќе следи соодветен поднесок.

На 24.06.2024 во 13:45 часот во СВР Битола од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување е пријавено дека во старата касарна зад јужната трибина на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола се пронајдени 10 артилериски гранати 75 мм од Првата светска војна, кои се безбедно подигнати и обезбедени.

More from ВестиMore posts in Вести »