Press "Enter" to skip to content

Македонската радио-телевизија: Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2024!

-Македонската радио-телевизија по одржаната аудиција ги избра Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски за претставници на Република Северна Македонија на годинашниот Јуниорски Евросонг, кој ќе се оддржи на 16 номеври 2024 година во Мадрид, Шпанија, е на објавено на фејсбук страниците на Eurovision Macedonia и Makedonska Radio Televizija.

Ана Ванчевска, родена на 03.05.2010 година во Битола, е извонредно талентирана млада пејачка која веќе се прослави со учество  и освоени први места на голем  број музички фестивали. Нејзиниот моќен глас и неверојатни изведби ја воодушевуваат публиката и судиите, прикажувајќи ветувачка иднина во музичката индустрија. Посветеноста и природниот талент на Ана ја прават извонреден изведувач и инспиративен млад уметник. Таа годинава беше избрана за единствена претставничка на Македонија на престижниот меѓународен фестивал Сан Ремо Јуниор Италија. Покрај музичкиот успех, Ана е посветен ученик  и добитник на бројни државни награди по математика, физика и француски јазик и е вклучена  во реализација на многу проекти.

Алексеј Ивановски, роден на 07.12.2011 година, во Битола, е исклучително талентиран млад пејач кој учествувал и победил на бројни музички фестивали. Неговиот волшебен глас и импресивно сценско присуство го издвојуваат, правејќи го истакнат изведувач со светла иднина во музичката индустрија. Алексеј е активен на бројни општински, регионални и државни натпревари по предметите математика, англиски и француски јазик, од каде има освоено голем број први места. Сака да плива, да шета во природа и да се дружи. Тој многу ги сака животните и дел од своето време посветува на грижата за нив.

Ана и Алексеј со својот извонреден талент и хармонични гласови го привлекуваат вниманието на љубителите на музиката насекаде. И покрај нивната возраст, имаат неверојатни гласовни способности кои никого не оставаат рамнодушен. 

https://mrt.com.mk/node/111628?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR34amuirW-3D20MEudX8QHvPCDVREWQcopXQwrAENvq7L2FNX-XfSe3L-M_aem_mGSV77OiPoqxPlwUUrYtkA

More from ЗабаваMore posts in Забава »