Press "Enter" to skip to content

Донација на медицински наметки за болницата во Битола од Ротаракт Широк Сокак во соработка со “Таки Даскало“

Резултатот на заедничката соработка и потпишаниот меморандум со текстилната струка при СОУ „Таки Даскало“, чија посветеност и напорен труд овозможија изработка на медицински наметки  се круниса со донација на медицински наметки во Клиничката Болница во Битола.

-Благодарни сме за поддршката и соработката, кои овозможија успешно да ги реализираме нашите заеднички цели. Веруваме дека со оваа донација придонесуваме во подобрување на условите и престојот на пациентите во болницата, истакнува координаторот на проектот, Јане Велкоски од Ротаракт Широк Сокак.

-Нашите напори за подобро утре како и идеалот воден од нашата организација Service above selve, ги зокружија напорите за еден ваков вид на донација со кој ќе им овозможи подобар престој на пациентите од Болницата, додаде Претседателката за оваа ротаријанска година, Катерина Анакиевска.

Директорката Елизабета Ивановска, истакна дека ова донација на медицински наметки кои се обезбедија од страна на Ротаракт клуб Широк Сокак Битола и текстилната струка – техничар за дизајн на облека при средното училиште Таки Даскалот, ќе претставува значајна донација и истите ќе бидат користени од страна на пациенти кои ќе се лекуваат во Одделение за Анестезија, реанимација и интензивно лекување, Оддел за Хирургија, Одделение за урологија и др. при ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Членовите на Ротаракт Широк Сокак Битола кои набавија материјал и со оваа соработка на учениците од текстилната струка- техничар за изработка на облека им овозможија една поинаква пракса со хумантирана иницијатива. Учениците од III година: Михаела Мицковска, Анастасија Талевска, Ангела Ковачевска и Демир Умер изработија престилки за пациентите кои беа донирани во Битолската болница. 

More from ВестиMore posts in Вести »