Press "Enter" to skip to content

Илија Ѓоргиев, боксер во младинска категорија: дедо ми е мојот идол (фото)

Боксот како спорт во Битола беше популарен кон крајот на 60, 70 и 80-титекога имаше голем број таленти за бокс кои потоа станаа познати боксери, кои во спортската сала “Младост“ ги гледаа и повеќе од 5.000 гледачи на секој натпревар во тогаш силната југословенска прва лига. Потоа во Битола одреден период имаше стагнација на боксот, но пред неколку се појавија млади боксери кои ја продолжуваат битолската традиција во боксот во возобновениот боксерски клуб Пелистерски јунак.Младиот Илија Георгиев е дел од таа млада битолска боксерска генерација која се труди да ја врати старата слава на битолскиот бокс. Илија има 15 години и тренира бокс веќе четири години и е надеж за боксот во Битола, а потекнува од спортско семејство, кој успешно оди по неговите стапки. Поразговаравме со него зошто се определи за бокс, како тренира, за победите, за идните планови…Од кога тренираш…

-Прво започнав да тренирам фудбал, а се занимавам и со други спортови, но увидов боксот е мојот спорт, и се одлучив да тренирам бокс. Можеби гените кои ги носам од мојот дедо беа пресудни да го засакам овој спорт и да тренирам.Вашиот дедо е Илија Ѓорѓиевски – Бајче кој тренираше бокс и е југословенски шампион, вие тргнавте по неговите стапки. Колкаво е неговото влијание во насочување на овај спорт…

-Да мојот дедо, чие име го носам, беше познат боксер во 60 и 70-тите години и се разбира дека ме поттикнуваше да тренирам бокс и ми дава совети кога тренираме заедно. Јас се надевам дека ќе продолжам по неговите стапки и ќе освојувам награди и медали како него.Во кој клуб тренираш и кога почна да се натпреваруваш…

-Тренирам 3 години во Пелистерски Јунак под раковдоство на тренерот Јове Петревски- Оцо од кого сум презадоволен од начинот на работа и како не подготвува за натпреварите. Оваа ми е прва натпреварувачка сезона и имам 8 борби од кои 6 победи. Покрај домашното младинско првенство учествував и на меѓународни натпревари во Србија каде што во едното финале загубив од Павле Поповиќ на поени, во рамноправна борба. За колку квалитетен млад боскер станува збор, доволно зборува и тоа што тој дојде до европско првенство. Нашата борба беше емитувана на тв во живо и беше прогласена за најдобра борба на турнирот, а јас ја чекам шансата за реванш. Битола ќе биде домаќин на младинско домашно првенство, како ќе се подготвувате?

-Настапот во Битола ќе биде посебен за мене и секако за сите кои сме во клубот. Затоа во текот на летото ќе тренираме, но со намелен интензитет. Ќе тренираме 2-3 пати неделно се со цел да бидеме подготвени. Ќе биде посебен настан за мене, а и најголем дел од боксерите за прв пат ќе настапуваме пред битолската публика. На трибините во Битола од каде ќе имаме голема поддршка ќе има мои другари, пријатели и роднини и ќе се трудам да се покажам во најдобро светло.Инаку, Илија сега е полуматурант и се запиша во средното Економско училиште на дигитален маркетинг и беше среќен заради тоа. Но љубовта кон боксот ќе го мотивира да тренира уште понапорно бидејќи само со тренирање, како вели, ќе напредува и победува во боксерскиот ринг.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »