Press "Enter" to skip to content

Пионерите на Еурофарм Пелистер во полуфиналето на белградскиот турнир

Пионерската екипа на Еурофарм Пелистер од Битола успешно настапува на турнирот во Белград, Србија против своите врсници.

Битолските млади надежи предводени од Кире Митревски, одиграа нерешено против екипата на Маталопластика  19:19 во првото коло, потоа ја победија екипата на СТЦ со 26:17.Во продолжението на турнирот беа поразени од екипата на Нови Београд минимално со 20:21, а во последното коло победија против екипата на Седмерец со 22:19.

Во конечниот пласман на табелата на Еурофарм Пелистер беше на 2. место со 7 бодови, а прва во групата беше екипата на Металопластика. Следуваа екипите на Седмерац со 6 бода колку имаше и екипата на Нови Београд. Последен на табелата беше тимот на СТЦ, без бодови.За споменување е тоа што на последниот натпревар на Еурофарм Пелистер, “МВП“ играч беше 14 годишниот, Павел Велјановски, кој имаше стопроцентна реализација со постигнати седум голови од седум удари.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »