Секторот за внатрешни работи Битола ги известува жителите на градот Битола дека на 30.06.2024 (недела), во периодот од 07,00 до 13,00 часот, по повод канонизацијата на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска, која ќе се одржи во Соборниот храм „Св. великомаченик Димитриј“ во Битола, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај по улиците:
-„Довлеџик“, „Бул. 1-ви Мај“ (и од двете страни), дел од ул. „Широк сокак“, „11-ти Октомври“, „Кирил и Методиј“, „Славко Лумбарковски“, „Јорго Османо“, „Стерјо Георгиев“ и „Цар Самоил“.
Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за изменетиот режим на сообраќај со цел безбедно одвивање на сообраќајот.