Press "Enter" to skip to content

Димитар Велковски нов претседател на Ротари клубот Битола Широк Сокак (фото)

Во ротаријанската 2023/2024 година беа реализирани бројни проекти и проектни активности. Ако се направи една ретроспектива на сите активности што беа реализирани изминатата ротаријанска година, не постојат доволно зборови за да се изрази задоволството за направеното од страна РК Битола Широк Сокак на чело со проф. д-р Моника Марковска.Клубот уште еднаш покажа дека постои  да промовира благосостојба, интегритет, професионални и лидери на заедницата. Ротаријанскиот ланец оваа ротаријанска година го наследи Димитар Велковски, директор на Млекарата“Вемилк“ Битола. Димитар е магистер на технологија на храна, со специјалност кон млеко и млечни производи. Покрај богатото работно искуство, Димитар Велковски е голем хуманитарец и долгогодишен член на ротаријанското семејство.Пред присутните, Димитар Велковски истакна дека ќе продолжи да ја следи филозофијата на несебичното волонтерско служење, филозофија содржана во основното мото: „Служба над сопствените интереси“. Ротаријанската 2024/2025 година го содржи мотото: „Магијата на Ротари“, па клубот активно ќе продолжи да работи во делот на дигитализација, екологија и заштеда на енергија.На РК Битола Широк Сокак им се приклучија и нови членови и тоа д-р Елена Шишковска Степановска, вработена во Плодност Битола, Петар Степанулевски, управител на Мебел Ламинат, Битола и Ивона Трифунов, вработена во ЈЗУ Клиничка Болница „Д-р Трифун Пановски“- Битола. Беа реализирани следните активности: донација на училишен материјал, донација на храна на здружението Утешител од Битола, донација на детска облека, донација на книги на англиски јазик, поставување на светлосни катадиоптери на пешачки премин за безбедност во сообраќајот на Булевар 1- мај, настан со кој се одбележа Меѓународниот ден на мирот, Денот на менталното здравје, Бизнис форум и сл. Исто така, бевме дел од хуманитарниот предновогодишен хепенинг чија цел беше да се обезбеди донација за детското одделение при ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“- Битола.Реализирани се и различни едукативни предавања од различни области и тоа за зголемување на свеста за навремена превенција од рак на дојка, за Полиото, каде предавачи беа од Авганистан и Пакистан, за ментална резилиентност, за семејно и меѓуврсничко насилство. За прв пат, Ротари Клубот Битола Широк Сокак се приклучи кон светската иницијатива „Ден на добри дела“.На тој начин клубот станува и останува препознатлив во средината, како хуманитарна организација која се бори да обезбеди подобро место на живеење, организација која е посветена на развој на правата на човекот и што е наважно промоција на мириот во целиот свет.

More from ВестиMore posts in Вести »