Press "Enter" to skip to content

На два дена пред стартот на подготовките ФК Пелистер со три засилувања

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес, на два дена пред стартот на подготовките за наредната фудбалска сезона ги промовира првите три засилувања за новата прволигашка сезона. Нови членови на тимот на “пелитерци“ се Филип Тодороски, Виктор Серафимовски и Дамјан Масевски. 

Филип Тодороски доаѓа од редовите на Воска Спорт, а во минатото беше дел од Победа каде што со младинскиот тим играше во Лигата на шампионите. Станува збор за офанзивен играч за врска кој ќе помогне во креацијата. 

Серафимовски доаѓа од екипата на Силекс и настапува на позицијата последен играч за врска. 28-годишникот потекнува од школата на Вардар, играше уште за Љубанци, Еуромилк, Беласица и Ренова. 

Засилување за нападот е Дамјан Масевски. 23-годишниот голгетер се сели во Битола по настапите за Охрид каде што мина една полусезона. Во минатото Масевски беше дел од Работнички, Кадино, Тетекс и Силекс.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »