Press "Enter" to skip to content

Ординација “Д-р Чипуровски“: митрален валвуларен пролапс – МVP

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за митрален валвуларен пролапс – МVP, за што вели:

-Пролапс на митралните залистоци е спуштање на еден или двата залистоци во лева преткомора по време на систола  на левата комора со или без митрална регургитација. Преваленција е 2-3 % најчесто кај женски пол. Етиолошки има  примарен МВП кој се должи на миксоматозно задебелени залистоци или елонгирани хорде (Barlow’s sundroma or floppy valve) поради мултипла репликација на клетки,поретко поради фиброеластичен дефицит и руптура на хорда, псеудопролапс кај мали вентрикули и секундарниот митрален валвуларен пролапс се должи на ревматска треска, СЛЕ, ИБС, атријален септален дефект, хипертрофична кардиомиопатија.

Клинички можи да има аритмии, нетипична градна болка и замор поретко ТИА тешка митрална регургитација  и левовентрикуларна срцева слабост. Ехокардиографски карактеристики во PSAW PLAW се конкавен изглед на залистоците, хордални структури и кружно типично движење на залистоците  во лев атриум по време на систола на ЛК. Кај асимптоматски  пациенти нема потреба од терапија кај оние со почести аритмии тахикардии се ординираст бета блокатори, амиодарон или Верапамил по потреба при АФ и ТИА напади  орални антикоагуланси или ацетилсалицилна киселина.