Во рамките на заедничката иницијатива за поддршка на училишните библиотеки, “Јавен Адвертајзинг“ од Битола во соработка со СОСУ “Св. Кирил и Методиј“ Охрид успешно донираа над 1000 книги на англиски јазик за основно образование во повеќе основни училишта во Битола и околината.Оваа значајна донација има за цел да ја поттикне љубовта кон читањето кај младите ученици и да ги збогати училишните библиотеки. Донацијата опфати неколку основни училишта, меѓу кои:-ОУ „Стив Наумов“ – Битола, ОУ „Климент Охридски“ – Битола, ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, ОУ „Кирил и Методиј“ – Битола, ОУ „Даме Груев“ – Битола, ОУ „Коле Канински“ – Битола, ООУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, ООУ „Елпида Караманди“ – Битола, ОУ „Гоце Делчев“ – Могила и ООУ „Браќа Миладиновци“ – Добрушево.-Целта на оваа иницијатива е да се обезбедат дополнителни квалитетни образовни материјали на англиски јазик, кои ќе им помогнат на учениците да го подобрат своето културно и јазично богатство и да развијат љубов кон читањето. Оваа донација
е важен чекор кон унапредување на образовниот процес во нашата заедница, вели Ана Ристевска од “Јавен Адвертајзинг“ од Битола.
“Јавен Адвертајзинг“ донира над 1.000 книги на англиски јазик во основните училишта
More from ВестиMore posts in Вести »
- Поразот на Еурофарм Пелистер од Алкалоид донесе и оставка на Бранислав Ангелевски
- Тренерот Ангеловски и капитенот Кузмановски го најавија денешното дерби, Алкалоид – Еурофарм Пелистер
- Одржана интересна работилница за бруцошите на УКЛО Битола (фото)
- СВР Битола: го чистел таванот пронашол 10 рачни бомби…, украдени пари во угостителски објект, син нападнал татко
- Во Битола сончево, температурата до 18 степени