Press "Enter" to skip to content

Капитенот Борче Маневски останува во Пелистер како помошник тренер

Капитенот на Пелистер Борче Маневски по завршувањето на фудбалската кариера во Пелистер од Битола останува под Тумбекафе. Маневски сега е назначен за помошник тренер, а денес на стартот на подготовките во Битола им беше претставен на фудбалерите.

Претседателот на Пелистер, Митко Стојковски промовирајќи го Маневски како дел од стручниот штаб на клубот му посака успешна тренерска работа и најави дека Пелистер ќе одигра натпреавр во негова чест каде за последен пат официјално ќе го облече зелено-белиот дрес:

-Нашиот капитен, Борче Маневски ја заврши фудбалката кариера и тој ќе биде дел од стручниот штаб на Пелистер. Сакам да упатам јавна благодарност до Борче за се што има направено за Пелистер и секако за многуте постигнати голови во зелено-белиот дрес, кои на сите нам ни имаат донесено многу радост. Ние со Маневски се договориме и да спроведеме нашара идеја, да одиграме натпревар на кој тој ќе се прости со дресот на Пелистер, на начин на кој доликува на Пелистер што е и наша обврска кон нашиот капитен. Сакам да Борче да остане максимално позитивен и како дел од стручниот штаб, а неговата позитивна енергија да им ја пренесе на фудбалерите од оваа генерација.

Костов оваа сезона ќе има двајца помошници Вангел Алтипармаковски и Борче Маневски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »