Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер ги започнаа подготовките во Битола, целта стабилен прволигаш (фотогалерија)

Фудбалерите на Пелистер денес во Битола , под Тумбекафе ги започнаа подготовките за за новата прволигашка фудбалска сезона, а како беше кажано на денешната прозивка, целта е јасна Пелистер да биде стабилен член на Првата фудбалска лига. На првата прозивка присуствуваа и новајлиите во Пелистер, на исто така им беше искажано добредојде.Претседателот на Пелистер, Митко Стојковски во име на Управата на клубот рече:-Сакам на сите да ви посаќам успех и среќа во новиот почеток, настапи во една фудбалска категорија повисока, Прва лига и да одговориме согласно на новиот предизвик кој е пред нас. Ви посакувам прво успешни подготовки. Ако минатат сезона имавме императив влез во Прва лига, овој пат тоа, според мене и стручниот штаб тоа е ние оваа година треба да го стабилизираме клубот на новото прволигашко ниво. Организационо треба да се подигнеме на повисоко ниво, да бидеме финансиски стабилни за да можеме да функционираме и вие да имате учинок како сите посакуваме кој знаеме да го вреднуваме. Во стартот на сезоната да влезиме максимално подготвени и да ги “бркаме“ зацртаните цели. Треба да бидеме приземни, иако Пелистер е име во македонскиот фудбал се наоѓаме на нов почекот, знаеме колку ни е силата, со што располагаме и кои ни се конкурентите. Но покрај се ние можеме да направиме резултати со кои ќе бидеме на средина на табелата, а ако ни се укаже прилика за нешто повеќе секако тоа ќе го искористиме.За нови засилувања Стојковски додаде:-Ќе имаме уште некои засилувања што е нормално ако сакаме да го засилиме тимот на позиции на кои сметаме дека тоа е потребно. Тоа е работа на стручиот штаб и се потрудиме да имаме што покункурентен тим за оваа сезона.На првата прозивка оваа година на фудбалерите им се обрати тренерот на Пелистер, Влатко Костов кој им посака  успех во оваа сезона.-На прозивката и на официјалниот старт на подготовките на сите им посакам успешна сезона и добро здравје. Што се однесува до некои фудбалери кои денес на ги гледате во тимот е поради тоа што ние не се договоривме или поради тоа што не ги прифатија условите кои им беа понудени од Пелистер. Ние име три нови фудбалери, а се надевам дека ќе имаме уште 4-5 фудбалери кои ќе ни се приклучат. Пелистер ќе има ростер кој наредната сезона рамноправно ќе се носи со останатите прволигашки екипи, а за тоа како ќе се одвиваат подготвките додаде:-Уште од среда ќе започнеме со два тренинзи дневно, а пријателските натпревари ќе ги започнема на 14 јули, а подготовките ќе ги завршиме на 3 август со контролен натпревар. Ќе играме пријателски натпревари против Новаци, Силекс, Гостивар, Воска, Работнички и Влазрими. Се надевам дека Пелистер ќе биде стабилен прволигаш, но ако ни се укаже шанса ќе направиме нешто повеќе. По прозивката и краткиот состанок со фудбалерите Костов и неговите помошници ги одработија и првиот тренинг.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »