Press "Enter" to skip to content

И “двојката“ се засилува, Дрогришки и Јовановски се враќаат во Битола

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 од Битола соопшти дека се договорени две засилувања за наредната сезона, а се работи за Стефан Дрогришки и Мартин Јовановски.Првото засилување е искусно име за натпреварите во Првата лига е 29-годишниот поранешен репрезентативец Стефан Дрогришки кој е нов член на Еурофарм Пелистер 2, откако денес стави потпис на двегодишен договор со својот матичен клуб. Дрогришки доаѓа од Охрид, а во својата кариера настапуваше за Металург, Тиквеш, Охрид… Официјалното претставување на Дрогришки е предвидено за почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2 на крајот од месец јули.

РК Еурофарм Пелистер 2 соопшто дека новото екипирањето за сезоната 2024/25 е бо тек. Ново засилување е голманот Мартин Јовановски, кој по кратка пауза се враќа во матичниот клуб. По искуството во Кипар и освојувањето на шампионската титула, Јовановски се обврза на двегодишен договор со нашиот клуб. Неговото претставување е предвидено на почетокот на подготовките на крајот на месец јули.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »