Press "Enter" to skip to content

Почеток на втората “Унверзитетска летна пракса“

Единаесет студенти од УКЛО Битола започнаа практикантска работа во проектот „Универзитетската летна пракса“ 2024 г.  што се спроведува втора година по ред. Седум студенти летната пракса ја остваруваат во одделенијата од Општина Битола, двајца во Домот за стари и изнемоштени лица „Сју Рајдер“ и по еден студент во  ЈП Паркинзи и Зоолошката градина во Битола.Станува збор за проект што стартуваше минатата година, благодарение на добрата соработка меѓу УКЛО и Општина Битола. Втората УЛП се реализира со суштествен суфикс, под светлото на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.И од Општина Битола и од УКЛО посебен акцент се става на директното вклучување на студентите во работниот процес за стекнување дополнителни практични знаења и искуства. Истовремено, високо се оценува и вреднува нивната ангажираност што е значајна поддршка за институциите во период кога дел од администрацијата користи годишни одмори.Студентите, како и минатата година, за време на летниот период ќе извршуваат практикантска работа во општината и јавните претпријатија, со доследно исполнување на договорените задачи и обврски, за што ќе добијат соодветен месечен надомест. За реализација на  проектот „Универзитетска летна пракса“ Општина Битола, во согласност со Програмата за спорт и млади, издвои 500.000 денари.Од УКЛО се нагласува дека со УЛП се овозможува интегрирање на млади стручни кадри во опкружувањето како одлична практика за реално подобрување на студентските компетенции. Инаку, Универзитетската летна пракса е една од иницијативите на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење КРЕДО. За УКЛО, реализацијата на проектот „Универзитетската летна пракса“ е еден од начините за развивање на основните дејности на Универзитетот во поширокиот, надворешeн контекст.

More from ВестиMore posts in Вести »