Press "Enter" to skip to content

Love Itoya ќе настапува на “Симфонија на ѕвездите“ на стадионот под Тумбекафе во Битола (фотогалерија)

Вечерва на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола се очекува публика од околу 4.000 гости. Официјален почеток на “БИТ ФЕСТ” со поголем број музички ѕвезди кои ќе се дел од вечерашната “Симфонија на ѕвездите”.Меѓу нив ќе настапи и Love Itoya која е пејачка, композитор, текстописец и танчерка која со својот длабок глас од душата и нејзиниот танчерски перформанс ја покренува публиката кога и да се појави на сцената. Со неа поразговаравме пред пробата на градскиот стадион го искористивме за краток разговор во кој ни кажа:Mило ми е што повторно вечерва ќе настапувам во Битола и веќе е ова мој петти пат. Првиот настап ми беше во “Порта Џез“. Беше преполно со луѓе. Не очекував дека толку ќе бидам прифатена во Битола. Луѓето тука се љубезни, топли и отворени ми бараат да се фотографираме контакти за да ме заследат на социјалните мрежи. Мојот настап ги воодушеви сите, а потоа следеа настапи со Камерниот оркестар на концертот “MTV Hits”.Секое мое настапување во Битола сум добредојдена и затоа вечерва ќе настапам со две песни и ќе се потрудам да имам што подобар настап пред публиката.

Love Itoya е прогласена во 2016 за “Best Diaspora Artist“  на холивудските филмски фестивалски награди во Германија.

Love Itoya настапува на фестивали низ Целиот Балкан , Европа и Лондон. Таа го издаде своето деби за “Вовед”, на 24-ти септември 2021 година, кое доби позитивни критики од различни списанија, Блогови Радио станици насекаде како што се BBC радио, Parallaxi Magazine , AfroNews Germany , Fizzy Magazine , Bleu Magazine. На 5-ти ноември 2021 година, таа го објави Дебитантско музичко видео “Reminiscing You” на YouTube.Покрај Love Itoya вечерашната програма која ќе ја предводи Камерниот оркестар на Битола, ќе започне во 19:00 часот со ди-џеј сетовите на DJ Ile The Hair и DJ Boca, а од 21:00 часот продолжуваат “Паркети“, “Суперхикс“, Констракта, Каролина Гочева, Камерен Оркестар заедно со Schiller, Pig & Dan и “Brass Brothers“.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »