Press "Enter" to skip to content

Меморандум за соработка на библиотеките од Битола и Трелеборг и македонското друштво “Пелистер“ од Шведска

Она што беше договорено на заеднички состанок помеѓу директорот на библиотеката од Битола – м-р Бојан Стефановски, претседателот на македонското друштво „Пелистер“ Марјан Бошевски и Александар Дамев – член на управниот одбор од Трелеборг, Шведска, е официјализаро.

Потпишан е Меморандум за соработка со македонското друштво „Пелистер“ со следниве цели: взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата, активности поврзани за популаризација на македонскиот јазик кај нашите сограѓани во Шведска, промоција и јакнење на врските помеѓу двете институции, редовна комуникација и размена на информации, организирање на програми за размена на библиотекари со цел размена на идеи и искуства, подобрување на квалитетот на работата преку обука, развивање на вештини и компетентноста на вработените, размена на библиотечни материјали за збогатување на фондовите на двете институции, организирање на изложби и промоции на книги и заедничко учество во меѓународни проекти кои се од интерес за двете страни.

Со потпишувањето на овој Меморандум, најавена е долгорочна соработка која ќе придонесе за збогатување на културната и образовната сцена во двете земји, а ова партнерство ќе отвори многу нови можности за нашите библиотекари, читатели и пошироката јавност и ќе биде пример за успешна меѓународна соработка.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »