Press "Enter" to skip to content

Општина Новаци со поддршка за “Фестивалот на жетвата“ од министерство за земјоделство

Денес беа доделени договорите за поддршка на локални настани и саеми во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, од страна на министерот Цветан Трипуновски.

Градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски го доби решението за финансиска поддршка на “Фестивалот на жетвата“ кој оваа година ќе се одржи на 19 и 20 јули кај манастирот “Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци.

Стевановски изрази благодарност и рече:

-Заедно со министерот ќе го поддржиме и ќе работиме на новиот концепт за поголема финансиска поддршка, вклучување повеќе млади луѓе, зајакнување на положбата на жените во руралните области и поттикнување на културниот туризам. Сето тоа е во насока на подигнување на земјоделството и руралниот живот на едно подобро ниво.

More from ВестиMore posts in Вести »