Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: родители кавкаџии и незаинтересирани родители

Често манифестираат меѓусебно неслагање, како и несогласици со другите луѓе. Нивните расправи можат да бидат прилично гласни, дури и во вид на увреди и псовки или можат да бидт тивки, лути, понекогаш разционални, сурови, саркастични, но никогаш забавни. Дискусија може да се поведе во однос на работа, образование, пари, слободно време, секс, воспитување, одгој – поточно во однос и во врска со се. Двата родители можат да бидат имаат  спротивно и противречно мислење и  поглед на животот.

Ефекти врз децата на овој тип на  родители се:

-децата  воглавном се уплашени и ужаснати од прилично бучни гласови и расправии, затоа можат да манифестираат склоност кон повлекување при соочување со конфликти,

-често чувствуваат страв кога конфликитите се појават.

Како возрасни личности, внатрешно во себе водат битка. Голема е веројатноста дека ќе  се однесуваат кон другите на начин на едниот родител, а потоа во манир на другиот родител. И самите ќе бидат недоследни во однесувцањето и сами ќе бараат некој за расправија и кавга, незадоволни првенствено од самите себе.

Незаинтересиран (невклучен) родител

Воглавном се одсутни од дома или дури кога се тука тие не ги слушаат децата, не ги делат своите чувства, мисли, и идеи. Подеднакво како што не ги делат своите чувства, мисли, и идеи, не се заинтересирани и ни за мислите, чувствата на детето и не даваат простор детето да се изрази. Се изолираат во одреденса просторија или активност со зборовите “Не вознемируавј ме, зафатен сум“. Во најекстремни случаи, расеани  се, забораваат родендени, колку децата им имаат години, се случува да забораваат да одат по детето во училиште и слично.

Ефекти од овој стил на родителство

Децата на овие родители  се осамени и тажни. Како од родителите не добиваат адекватно внимение, тие почнуват да се однесуваат неадекватно (се тепаат, лажат, крадат, бегаат од училиште, за да привцлечат било какво внимение, водејќи се со начелото „подобро и негативно внимание  одколку никакво“. На овој начин осаменоста и тагата ја заменуваат и прикриваат со агресивно однесување, во најекстремни случаи и со деликвентно однесување.  Најчесто  во групата на врсници деликвенти ја пронаоѓаат поддршката и прифатеноста која ја немале во домот.

Како  возрасни личности, воглавном се дистанцирани, повлечени и невклучлени. Се плашат од блискост иако заправо  копнеат за неа.

Во следниот текст: супрорганизирани и емоционално гладен родител.