Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го објави Конкурсот за
запишување студенти на прв циклус студии во академската 2024/2025 година.
Според Конкурсот, на УКЛО има места за 2404 нови студенти. Од нив 1.309 се
во државна квота, останатите 679 и 416 се наменети за кофинансирање и
вонредни студии.
Пријавувањето во првиот уписен рок започнува од 26 до 30 август, вториот на
13 и 16 септември, а третиот на 24 септември 2024 г.
За сите заинтересирани посебно се нагласува новата можност за студентите
што произлегува од членството на УКЛО во Европската универзитетска
алијанса . Како студенти на УКЛО ќе станат еден од 120.000 студенти и млади
луѓе во КОЛОРС Алијансата.
Имено, УКЛО е првата македонски високообразовна институција дел од
Алијанса финансирана од Европската Комисија, со почитување на европски
вредности, мобилности и избор на предмети, а наскоро и на деветте COLOURS
универзитети и со можност за двојна диплома.
Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски особено е горд на фактот дека
со студирањето на УКЛО новите студенти не се само дел семејството на 4000
УКЛО студенти, туку дел од 120.000 студенти на COLOURS Европската
Универзитетска Алијанса. Тој потсетува и нагласува дека УКЛО како прв
македонски универзитет дел од универзитетска европска алијанса
финансирана од Европската Комисија на студентите ќе им нуди можност дел од
наставните обврски да ги остваруваат на некој од 9-те универзитети членки на
COLOURS алијансата, со што новиот императив на УКЛО е насочен кон
подигнување на квалитетот на студирањето, што воедно кореспондира и со
доктрината на МОН.
Пред уписите од УКЛО се посочува и практиката за стимулирање на најдобрите
кандидати. Имено, според Конкурсот, на секоја единица на Универзитетот, од
сите студиски програми заедно, на три најдобро рангирани кандидати, со
највисок број на поени, во квотата на примени редовни студенти, ќе им бидат
рефундирани средствата од плаќање партиципација за првиот семестар од
првата година на студии.
За успешна реализација на Конкурсот, Ректорската управа на УКЛО донесе
посебно Упатство за реализација на Конкурсот и формира Универзитетска
конкурсна комисија. Паралелно со објавување на Конкурсот за прв циклус
студии, Универзитетот ги објави и конкурсите за нови студенти на втор и трет
циклус студии.
ТУКА
https://uklo.edu.mk/wp-content/uploads/2024/07/Konkurs-I-ciklus-2024-2025.pdf
може да го прочитате целиот Конкурс, да видите кои документи ви се
потребни за упис и колку слободни места има на секој факултет/виша школа.