Денес, недела, 14 јули во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 38 степени. UV=10.
Утре, понеделник, 15 јули во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 38 степени. UV=10.






