Press "Enter" to skip to content

Три години “Голд Фелициа“ одбележани со концерти на ДНК и Влатко Лозановски (фотогалерија)

Синоќа големиот бренд за забава “Голд Фелициа“ од Битола заедно со голем број гости, пријатели, деловните партнери, персонал го прослави третиот  роденден.Водителот, кој е дел од кабарето, Никола Пројчевски, на почетокот истакна:-Во овој уникатен комплекс “Голд Фелициа“ во Битола, кој е центар на забавата настапувале голем број звучни музички имиња, од најпознатите пејачи и групи во Македонија па се до најголемите балкански музички ѕвезди. “Голд Фелициа“ ги прославува достигнувањата што ги постигна нивниот неверојатен тим  низ трите години постоење. Со посветеност, напорната работа и страст, тим кој континуирано се труди да ги надмине очекувањата и да им пружи неспоредливи искуства на ценетите гости,  и додаде:-Препознатливото и единствено Кабаре шоу е спектакл кој ја воодушевува публиката во Битола, регионот и пошироко. Во овие три години одржани се над 320 настани, кои се спој на музиката, танцот и уметноста, а сите кои сме дел од ова големо шоу продолжуваме во ист стил.Околу роденденската прослава три години “Голд Фелициа“ и за она што било и што не очекува, уметнички директор на кабаре, Димитар Андоновски ни рече:-Големо е задоволството да се работи во “Голд Фелиција“, во еден вакоб објект. Нашиот бренд е кабарето кое привлече големо внимание во Македонија, а и во Балканот. Имаме гости од цел Балкан, а сето тоа е поради тоа што кабарето го подготвуваат и изведуваат професионалци кои си ја знаат својата работа. Имаме ангажирано 40 професионални артисти, музичари, пеачи, глумци, танчери, костимографи… Мора да ги споменеме и големите концерти на сите пеачи од македонската есграда кои настапија во изминатите три години, и секако сите големи ѕвезди од поранешните ЈУ простори. Премногу сум среќен што оваа приказна трае, и се надевам дека ќе се надоградува.-Мислам дека има битолчани кои се уште не дошле да го гледаат кабарето. Не знам која е причината, но ги поканувам сите да дојдат и да видат дека во Битола се случува сериозна уметност и дека ние нудиме содржина како и светските метрополи. Оние кои што го гледале кабарето им поралувам дека продолжуваме во истата насока. Кабарето е жива материја и секогаш оди напред, со нови точки, изведби, концерти… а битолчани допрва ќе имаат што да гледаат во “Голд фелициа“.Елена Трајчевска, маркетинг директор на “КС Групацијата“ во која влегуваат “Голд Фелиција“, “Евро тип“, “Голд слот“, “КС сервис“, “Премиум Сејфти Солушн“ и “Минт Осигурување“ за трите години на “Голд Фелиција“ рече:-Кога зборуваме за периодот кој е зад нас, три години, можам да кажам дека поминаа многу брзо за мене и мојот тим. Акумулиравме многу искустство за овие три изминати години, многу одржани концеети, многу одржани кабаре настапи, многу коорпоративни забави и серија други настани од различен калибар. Задоволните гости, кои тоа недвосмилено го искажале на разни начини, нам ни даваат уште поголем поттика да работиме и да нудиме нови содржини. Во иднина во таа насока на битолчани, на Македонија и цел регион можам да им порачам деке и во наредниот период ќе гледаат нови изненандување кои ги подготвува нашата екипа, а ќе им порачам кратко на сите, да бидат со нас и да уживаат. За вечерва на нашите гости, деловни партнери, пријатели.. ќе им понудиме концерт за уживање, а ќе ги забавауваат ДНК и Лозано, со нотите на македонската музика како што тоа го правиме постојано.Генералниот менаџер во “Голд фелиција“, Пеце Трајковски, за изминатите три години кратко ни рече:-Овие три години ги оценувам како мошне успешни. Понуденото од наша страна беше коректно сработено, а истото можам да го кажам и за нашите гости кои беа со нас во овој период. Она што е добро не го менуваме туку ќе го надоградиме, а ќе продолжиме заедно да фунционираме во ист стил. Нашите битолчани и сите гости имаа прилика да видат како се функционира се на еден висок професионален начин, но во име на целиот тим на “Голд Фелициа“ ќе им порачам дека и допрва ќе гледаат уште многу нови работи кои ќе се случуваат во “Голд Фелициа“. Со новитети почнуваме уште во новата сезона, со многу настани, со многу забава…Прославата на “Фолд Фелиција“ ја обележаа и концертите на ДНК и Лозано кои рекоа:

-Тука сме на роденденот на “Голд фелициа“ но не сме за прв пат тука, во овој прекрасен објект, кој има одлична екипа, одличен персонал, тука го имаат Димитар Андоновски кој е наш голем пријател. Три години не се малце, а за тој период се инвестира, се носат големи ѕвезди, го имаат преубавото кабаре, има одлични јадење, имаат одлична техника за звук и светло, што дава посебен визуелен ефект. Се надевам дека вечерва ќе го оправдаме нашето учество на овој трет роденден.До прославата на друг роденден не очекуваат уште голем број изненадувања од целиот тим на сега веќе препознатлив бренд во Битола и регионот “Голд Фелиција“, а водителот  Пројчевски додаде:-Нека оваа роденденска прослава биде почеток на уште едно неверојатно поглавје во нашето заедничко патување. На здравје, за сите вас, и за безбројните спомени што допрва треба да се создадат во Голд Фелициа! 

Жанета Ристевска

Фото: Сашо Ристевски