Press "Enter" to skip to content

Капитенот на Пелистер Волеј – Стефани Најдановска и Лиле Лозановска дел од У-20 репрезентацијата на Македонија

Стефани Најдановска  и Лиле Лозановска одбојкарки на Пелистер Волеј од Битола се наоѓаат на подготовки со репрезентацијата на Македонија У-20 и заедно со своите врснички се ќе настапат на Балканскоот првенество за одбојкарки до 20 години кое ќе се одржи во Тирана, Албанија.

Тое е само уште потврда за квалитетот на школата за одбојка во Битола и посветената работа на тренерите на Пелистер Волеј со младите категории.

Капитенот на сениорската екипа на Пелистер Волеј од Битола – Стефани Најдановска е на припреми во Струмица со репрезентацијата на Македонија – У20 под водство на селекторот Александар Митев. Ова за наа не е ново искуство, таа е повратник во репрезентативните води, беше дел и од подготовките со репрезентацијата која се спремаше за ЕП – У19 кое се одржа пред две години во Скопје и за неа ова е само продолжение на нејзината блескава кариера. 

Лиле Лозановска е вториот играч од Пелистер Волеј кој ќе биди заедно со капитенот Стефани Најдановска во репрезентацијата на Македонија – У20. И таа не е новајлија кога се работи за репрезентативна кариера па така ова е сосема нормален редослед на настаните кога се работи за спортисти кои се упорни, лојални и доследни на својата напорна работа.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »