Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сопруг пријавил физички напад од сопруга, приведување во Ресен за сообраќајка во Битола

На 21.07.2024 во СВР Битола, 39 – годишен маж од битолско село, со престој во Битола, пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга на возраст од 38 година.  Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 22.07.2024 во 01.45 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен лишиле од слобода 32 годишник од Ресен поради сомнение дека претходно во Битола со своето патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки удрил битолчанец, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување помош. Претходно, околу 22.50 часот на 21.07.2024 во Полициската станица Ресен, приведениот пријавил дека неговата ќерка на возраст од 16 години се оддалечила од домот и дека се сомнева дека е кај повреденото лице  во Битола. Малолетничката била пронајдена и вратена на родителите. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.