Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: екстроверт или интроверт – кој тип на личност сте?

-Дали често доцните на состаноци, дали уживате во широк круг на познаници и пријатели, или Ви е подраго да сте во самотија, дали емоционално се соживувате во филм, ТВ серии, книга…, дали први или последни реагирате на надворешен стимулус, како звонење на телефон, дали при донесување на одлуки повеќе се ослонувате на чувства или на рационална анализа, дали сакате повеќе да седите во некој агол или во централниот дел на просторијата?

Ова се само некои од интересните прашања на кои мора да размислите и на нив одговорите, доколку саката да сознаете дали припаѓате на Интровертен или Екстроверте тип на личност.

Ајде да ја анализираме што ги одликува екстраверзијата, односно интроверзијата ?

Така се смета дека екстровертираните личности се подруштвени, меѓучовечките односи им годат, позборлести се и погласни во друштво, дека не им е проблем да се наметнат, за разлика од интровертираните личности кои се поповлечени, посрамежливи или резервирани. Тоа меѓутоа не мора и нужно да биде и толкување најблизу до Јунговата оригинална замисла. Некои други толкувања укажуваат на разликите во процесот на создавање на менталната енергија како основа за поделба.

Се смета дека екстровертите ја црпат енергијата од интеракцијата со другите луѓе, додека интровертните интеркцијата со другите луѓе им ја одзема енергијата, а наспроти тоа да се во тишина и самотија ги освежува. Некои други пак прават разлика помеѓу екстроверзија и интроверзија во однос на начинот како личноста се однесува спрема надворешниот свет, во однос на внатрешниот ментален свет.

Екстровертите ги засноваат сопствените идеи на објективни информации и го присвојуваат надворешниот свет како сопствен. Заради тоа екстровертите брзо се прилагодуваат на променливоте околности на надворешниот свет, па затоа и можат да бидат под големо влијание на општо прифатениидеи, па дури т.н филозофија на масите.

Нашиот внатрешен свет се состои од мноштво на идеи, внтарешна ментална содржина, ставови, желби и стравови. Во текот на животот се среќаваме со многу случување, објекти, односно елементи на надворешната реалност кој остава одреден впечаток на субјектот, односно кои се втиснуваат во нашиот внатрешен свет. Тоа е заправо она што го сочинува.

Интроверзијата подразбира освестување на начинот на кој надворешниот свет остава траги на нас и го обликува субјектот. Така интровертрираните личности често тежнеат да го осмислат искуството на надворешниот свет со создавање на теории и системско мислење. Затоа често се мисли дека интровертрираните личности се големи мислители, создавачи на систем.

Јунг тоа сликовито го илустрира. Екстровертот ќе каже: “надвор е ладно, па ќе облечам палто, а интроверт ќе помисли “сакам да ојачам и да се привикнам на студеното надвор,
нема да облечам палто“.

Екстровертот реагира на надворешните стимулуси, додека интровертот на внатрешниот стимулус. Немора меѓутоа да постои разлика во нивното манифестирање во смисол на однесување. И екстрповерт и интроверт не крај ќе изберат да облечат палто,но од потполно различни побуди или причини. Јунг зборува дека интровертрираните луѓе се родени емпатичари- личности способни да се соживуваат со чувствата и сензациите кои другите луѓе ги чувтсвуваат, да ги интериоризираат и да ги доживуваат како сопствени. Заради тоа тие често можат да имаат потешкотии со оцртување на граници помеѓу сопстевната и туѓа личност, а кое е неопходно во процесот на индивидуација.

Почитување на разликите на екстровертни и интровертни личности

Kонфликтите помеѓу луѓето генерално( колеги, пријатели…) најчесто настануваат поради тоа што прво не се познаваме добро меѓу себе и не си ги почитуваме разликите. За да ги елеминирате конфликтните ситуации може да примените некој од советите за тоа како да се однесувате кон интровертнитте, а како кон екстровертните.

Доколку сте екстровертна личност, тогаш: почитувајте ја приватноста на интровертните, кога им делегирате нови задачи, оставете им малку време да ја набљудуваат целосната ситуација и не барајте им одговори веднаш, не прекинувајте ги, одвојте дел од вашето време и дадете им што е можно поконкретни насоки, не посрамотувајте ги јавно пред другите;
-почитувате ја нивната интровертност и не обидувајте се да ги промените во екстровертни.

Доколку, пак, сте интровертна личност, тогаш почитувајте ја независноста на екстровертните, давајте им пофалби и комплименти, прифатете го и охрабрете го нивниот ентузијазам, дозволете им да ги искажат нивните ставови и размислувања, понудете им опции за различни ситуации, оставете ги да блескаат.

Поделбата на екстроверти иинтроверти никако не е исклучива дихотомија, однсосно луѓето најчесто не се исклучиво интроверти или екстроверти, туку во прашање е спектар во рамки на кој секој завзема специфична, сложена и слоевите позиција.

Може да го кажеме и следното објаснување. Екстроверзиајта и интроверзијата зборуваат на начинот на кој луѓето ја обновуваат својата енергија. Дали во однос со себе или другите луѓе. Цел живот се движиме од една на друга страна, некогаш дури и на дневно ниво, а посебно во зависност од животниата фаза и околности.