Press "Enter" to skip to content

Бобан Георгиев најново засилување за ФК Пелистер од Битола

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Пелистер од Битола промовира уште едно засилување за следната сезона.  Нов член на битолските „зелено-бели“ е Бобан Георгиев. 

Бобан Георгиев  е 27-годишното десно крило минатата сезона беше дел од редовите на Воска Спорт даде еден гол и запиша дури единаесет асистенции.

Сега пелистерци се пофалија со неговиот потпис и соопштија:

-Задоволство ни е да ја известиме фудбалската јавност дека Бобан Георгиев е нов фудбалер на ФК Пелистер. Бобан игра на десната крилна позиција, но истовремено може да ја покрива и левата крилна позиција. Со своето искуство ќе комплетира огромен дел од мозаикот на Костов.

Георгиев доаѓа од екипата на Воска Спорт, а предходно има играно и за Брегалница, Силекс, Радник Сурдулица, Борац Бања Лука и Леотар Требиње.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »