Press "Enter" to skip to content

Вечерва концерт на маестро Илија Ампевски и пријателите

Вечерна на сцената на Народниот театар во Битола целовечен концеет ќе одржи Маестро Илија Ампевски, кој живее и работи во Австралија.

Со него ќе музицираат и специјалните гости Мишел Трајковски, Дамир Имери, Ристе Плуковски, Филип Михајловски, Орце Лазаров, Хилми Баки, Суат Усеин Цуле, Далибор Ефтимовски и други естрадни уметници.

Станува збор за сублимат од генијален талент кој го поседува воконсталација со одлично музичко образование од мали нозе, работа со извонредни имиња одмакедонската музичка сцена и најмногу од се огромен труд и деноноќни движења со “Клара“ и “Сакса“ како што ги има именувано кларинетот и саксофонот.