Press "Enter" to skip to content

Гостување на операта “Дидона и Енеј“ и започната соработката меѓу КУД “Стив Наумов“ од Битола и СКЦ од Ниш

Во организација на КУД „Стив Наумов“- Битола и Студентски културен центар Ниш, Р. Србија, и со поддршка на општина Битола, во Центарот за култура во Битола беше изведена драмската опера „Дидона и Енеј“.

Одржувањето на операта беше голема можност да се потпише и меморандум за соработка меѓу КУД “Стив Наумов“ и “СКЦ“ Ниш. Директорот Предраг Јеленковиќ и претседателот на КУД “Стив Наумов“, Владимир Христовски потпишаа меморандум за соработка за идни гостувања и заеднички проекти меѓу двете организации.Јеленковиќ го истакна задоволството што Битола и КУД “Стив Наумов“ се домаќини на драмска опера, која во себе ја крие љубовната приказна меѓу кралицата на Картагина, Дидона и тројанскиот принц, Енеј. Иако љубовната приказна има трагичен крај, кој говори за нивна разделба и трагичен крај за животот на убавата Дидона, сепак Битолчани со воодушевување ја гледаа оваа драмска опера, која се реализира под диригентската палка на професор Зоран Станисавлевиќ и во режија на Кристина Атанасова Арсова.

Хенри Персел бил познат англиски музичар и композитор од епохата на барокот. Познат е по операта „Дидона и Енеј“. Операта претставува важен ориентир во историјата на англиската драмска музика. Но, затоа оваа опера беше убав предизвик на младите уметници од Ниш кои со своите беспрекорни гласовни можности ја разубавија вечерта на битолчани. Во трите чинови одекнуваше љубовната приказна и предизвиците со кои се соочуваа Дидона и Енеј, обидувајќи се да ја зачуваат својата љубов. Низ емоции, прекрасните гласови на вокалистите, ја претставија нивната работа во СКЦ.

Владимир Христовски, истакна дека соработката меѓу КУД “Стив Наумов“ и СКЦ од Ниш, започна преку прекрасната изведба на „Дидона и Енеј“ но, нема да запре тука. Продолжува и понатаму, преку заеднички настапи, дружби и проекти.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »