Press "Enter" to skip to content

Југ со девет пливачи во Охрид, бронза за Ана Котевска и Максимилијан Лазевски

Пливачкиот клуб Југ од Битола успешно настапи на меѓународниот пливачки митинг во организација на пливачкиот клуб Акваспирит  од Охрид во водите на базенот “Биљанини Извори“.

Пливачкиот клуб Југ од Битола предводен од тренерот Михајло Трампевски настапи со 9 пливачи и во конкуренција на 120 пливачи од 4 држави.Битолските пливачи Ана Котевска родена 2007 година освои 3. место во дисциплината 50 краул, а Максимилијан Лазевски 2008 освои 3. место во дисциплина 100 делфин, 4 место во 100 краул о 4 место 50 делфин.

За пливачкиот клуб уште настапија Јован Талевски, Гаврил Петковски, Ања Бошевска, Мишел Бошковска, Ева Бучковска и Евгенија Јовчева.-Имавме успешен настап на сите пливачи кои беа во базенот и се натореваруваа, имавме две медали за кои им искажавме честитки, но честитки заслужуваат сите пливачи кои си ги подобрија нивните времиња во своите дисциплини, вели Михајло Трампевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »