Press "Enter" to skip to content

Шампионот Еурофарм Пелистер ги започна подготовките во Битола, ќе се цели на три трофеи (фотогалерија)

Попладнево ракометарите на Еурофарм Пелистер во спортската сала “Боро Чурлевски“ ги започнаа подготовките за новата сезона каде покрај домашното првенство ќе играат и во Лигата на шампиони на ЕХФ.Тренерот Бранислав Ангеловски ја одржа и првата прозивка и имаше состанок, а потоа го одржа и првиот тренинг. На првиот тренинг беа присутни претседателот Зоран Стерјев, директорот Горан Петковски, Звонко Шундовски и комплетниот стручен штаб.Првиот тренинг го одработија и петте новајлии во тимот, односно засилување на шампионот, голманите Митревски и Ивиќ, повратникот Хосни, кружниот напаѓач Цикетиќ и дефанзивниот експерт Абутовиќ.Покрај нив беа и Дејан Манасков, Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Урош Борзош, Филип Кузмановски (капитен), Домен Тајник, Павле Атанасијевиќ, Павле Петровиќ, Богдан Радивојевиќ и Жарко Пешевски.Кон екипата за подготовките се приклучени тројца ракомтари на Еурофарм Пелистер 2: Богдан Мијушковиќ, Василије Печурица и Алем Хоџиќ, а присутен беше и Ненад Костески кој се опоравува после повредата. Единствено не се појави Нејц Цехте кој за словенечката репрезентација ќе настапи на Олимписките игри во Париз.Екипата ќе се подотвува во Битола до 4 август, а потоа ќе замине на двонеделни подготовки на Златибор, а за стартот на подготовките и планот на подготовки  тренерот Бранислав Ангеловски рече:-Ќе бидеме подготвени во новата сезона. Ни претстои тешка сезона, нашите цели се секогаш високи. Самото име Пелистер и армијата навивачи која стои зад нас дава сила за да можеме да ги оправдаме очекувањата. Амбициите се знаат, во Македонија се цели кон сите трофеи, а во Европа да се покажаме во што подобро светло и да ја заборавиме ланската сезона, а за планот за подготовки додаде:-Подготовките ќе ни бидат во три фази. Првата фаза е во Битола, јас тоа го побарав за самите играчи да ја почувствуваат атмосферата во градот, да ги видат битолчани. Потоа одиме на Златибор каде што ќе ги имаме базичните припреми со 12 дена. Последната фаза ќе бидат натпреварите на турнирите, прво во Струга, а потоа Турција и на крајот во Добој.

На првиот собир ова лето, на почетокот на подготовките за следната сезона своите очекувања ги изнесе капитенот Филип Кузмановски:-Среќен сум што повторно почнавме со тренинзи. Се чувствува шампионската атмосфера. Искрено бргу мина одморот и пак сме на терен. Се радувам што пак сме тука заедно, а и за новите играчи кои ќе дадат дополнителен квалитет на нашата екипа.  Мислам дека градот, клубот и управата заслужи да играме во Лигата на шампионите. Сакам да имаме подобри резултати. На домашен план сакаме да го повториме успехот, мислам дека имаме квалитет. Ќе бидеме скромни и ќе одиме чекор по чекор. Сметам дека новите играчи ќе ни помогнат за кревање на квалитетот, целите се високи и сакаме нашите навивачи да гледаат една шампионска екипа, бидејќи тоа го заслужуваат.Во преодниот период од Еурофарм Пелистер заминаа: Марио Танкоски, Руди Сери, Денис Васиљев, Урбан Лесјак, Марко Кизиќ, Калифа Гедбан, Матеуж Пиеховски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »