Press "Enter" to skip to content

Спектакуларен концерт во Битола на маестро Илија Ампевски и пријателите за неговиот 50 роденден (фотогалерија + видео)

Синоќа на сцената на Народниот театар во Битола се одржа јубилејниот концерт на маестрото на кларинет и саксафон Илија Ампевски – Ампе. Концертот беше по повод неговиот 50 роденде и 35 години музичка кариера.Илија Ампевски – Ампе со многу трема и емоции го започна синоќешниот концерт, а на публиката им се обрати со зборовите:-Имам голем број настапи но овој пат има трема да настапам пред вас на кои сум ви благодарен од срце што дојдовте на мојот јубилеен концерт. Многумна ме прашуваат зошто ова се случува во Битола, зошто не во Скопје, а мојот одговор е дека Битола е градот на конзулите, Битола е градот на македонската музика. Во наредните часови сакам да ви подарам дел од мојата душа, живот, дел од мојата кариера, 11 цедиња, многу музика, многу труд и убави раб0ти, кои ми се случувале тука, во Америка, Канада, Австралија…Почетокот на концертот ќе биде посветен на човекот со кој и од кој научив да свирам македонска музика, Милан Завков, рече Ампевски. 

Маестро Илија Ампевски, со надимак од колегите Ампее роден 24 март 1974 година во Скопје од мајка Марика и татко Благоја од кого и го наследува генотза музика. Завршува нижо музичко училиште, средно музичко кај професорите за кларинет Манол Јанев и Стојан Димов во МБУЦ ,,Илија Николовски –Луј’’ и Штипската Музичка Школа во класата напрофесорот Раде Стојчев. Кога станува збор за влијанието на неговото музицирање, би можело да секаже дека е повеќе страно.Станува збор за сублимат од генијален талент кој го поседува воконсталација со одлично музичко образование од мали нозе, работа со извонредни имиња одмакедонската музичка сцена и најмногу од се огромен труд и деноноќни движења со “Клара“ и “Сакса“ како што ги има именувано кларинетот и саксофонот.За себе кажува дека учел од најголемите имиња како Тале Огненовски, Медо Чун, СтеванХристовски, Стојан Трајковски, Ферус Мустафов, Иво Папазов и други виртуозни музичари. Илија почнува веќе на 15 години да настапува по семејни веселби, веридби, свадби, банкети и по три години добива професионална понуда од музичката група Кaлабалак, по што следува настапот на,,Фолк хит на годината” по покана на познатата македонска дива Блага Петреска, каде го заменувалегендарниот Ферус Мустафов.

Потоа ја добива и најважната понуда во неговиот живот, понуда да стане дел од легендарната група “Македoнски Мерак“ каде рамо до рамо има чест да музицира со легендарниот македонски маестро на хармоника Милан Завков. Музицирањето со групата “Македонски Мерак“ го издвојува како најубав дел од неговиот живот, како и една огромна ризница на спомени кои остануваат засекогаш врежани во неговите сеќавања. Кариера од 35 години, поделена на животот во Македонија, заминувањето во Канада, многубројнинастапи низ Европа, Канада, Америка и Австралија. Не може, а да не се споменат соработките со најголемите звезди на македонското естрадно небо од калибарот на Васка Илиева, Петранка Костадинова, Александар Сариевски, Виданка Георгиевска, Благица Павловска, Блага Петреска Војо и Биљан Стојановски, Орце Стевковски, Елена Георгиева, Јасмина Гуњова, Јордан Митев, Зоран Ванев и многу други.Длабоко верува дека таленот за да ги забавува луѓето и да се дружи со инструментите му е даден од Бога и дека благодарение на Него ги има достигнато сите висини во својот личен и професионаленживот. На почетокот на оваа година после долгогодишно музицирање открива 2 нови тонови на кларинетот, Илија освен вируозен музичар,станува и музички иноватор не смееме да го изоставиме фактот декае единствениот македонец кој ја има добиено почесната виза за траен престој во Австралија одстрана на Австралиската влада, како оригинален талент, и талент различен од останатите.Во последните неколку години живее и работи во Австралија со својата сопруга Емилија и со нивнитедеца Стефан и Ана. Настапува со македонскиот бенд “Деспина“ но и со многу австралиски музичаримеѓу кои био го издвоиле последниот настап во Сиднејската Опера,како и возбудата за следниот настап во оваа престижна музичка куќа кој го очекува во ноември 2024.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »