Press "Enter" to skip to content

“Македона“ ревија на дизајнирана женска облека инспирирана од народна носија на модниот креатор Александар Ортаковски од Битола (фотогалерија)

-Од првиот ден до последниот миг Уметноста на традицијата ја носиме во душата во крик, танц се пали и гасни со нас ја носиме и пренесуваме… Вечерва ја пренесува ревијата “Македона“ на модниот дизјнер Александар Ортаковски. “Македона“ е македонската мајка, баба, тетка, сетра, стрина, другарка…. Македонската жена, Македонската дама. На овој начин беше најавена ревијата Македона на модниот дизјнер Александар Ортаковски во рамки на  Уметноста на традицијата и “Илинденски денови“, синоќа во КИЦ Битола.Модниот дизјнер Александар Ортаковски со својата колекција Македона инспирирана од традицијата на македонската носија ја претстави и долови величественоста и убавината на современата жена. Неговата колекција е идеја водена од нашата традиција и култура, а кога твори македонец, кој растел на овие простори таа побудува посебни чувства.

Ревијата се состоеше од два дела, во првиот беа претсавени изворни народни носии кои беа инспирација за 10 нови дизјнирани парчиња реитерпретација на македонската носија. Членки на КУД Илинден беа модели на ревијата.Директорката за Центарот за култура, Маја Андоновска – Илиевски, организатор на Фестивалот  се обрати кон присутните:-Добродојдовте на 54 издание на Фестивалот Илинденски денови. Фестивал кој ја слави традицијата и ни служи како доказ дека и покрај одминувањето на времето богатството на културното наследство и нашите традиции маѓепсуваат, а оваа година овој фестивал се потпира на Уметноста на традицијата. Ако е светот една голема инсталација, голем дел припаѓа на традицијата и тоа онаа традиџција која многу често ја земаме здраво за готово како да ни е така дедена. Но всушност таа не обележува, обликува…, и додаде:-Горда сум на мојот идентитет спој на традиција и се залагам да ја славиме различноста што го збогатува овој свет, а да се трудиме  да градиме еден подобар свет кој ќе се потпира на традицијата. свет Нашата традицијата останува жива и релевантна. Наша задача и на е младите да ја продолжуваат. Токму таков спој на традицијата и уметноста ќе видиме вечерва во ревијата на еден  инспиративен млад човек кој не работи по шаблони. Ја доби задачата да направи колекција инспирирани од традиципонални малкедонски носии. Ова многу зборува за тоа колку модерна била македноската жена. Кога ја свртиме главата наназад имаме на што се осврнеме, а старите македонски облеки инспирација на еден млад човек како модниот дизјнер Александар Ортаковски.

Модниот дизјнер Александар Ортаковски кој пред присутните ја претстави својата колекција “Македона“ рече:-Фала ви од се срце што сте тука вечерва. Намерно не спремив говор бидејќи сакам да ви се обратам и заблагодарам од се срце. Ќе кажам само дека соништата се остваруваат, бидејќи овие модели се реализација на моите идеи и скици кога цртав како мал во детсвото. Привилегија е да се сака татковината, а уште поголема привилегија да се твори на нејзиното богато културно наследство. Ревијата “Македона“ предизвика голем интерес кај присутните кои ја поздравија ревијата и со голем аплауз го наградија модниот дизјнер Александар Ортаковски.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »