Press "Enter" to skip to content

Лилјана Илиевска, 30 години бутик “Креола МЕ-МИ“ и 50 години во продажба на конфекција и кратка роба (фото)

-Бутикот “Креола МЕ-МИ“ во Битола оваа година слави 30 години јубилеј, тоа е бутик за конфекција и кратка роба за жени, отворен меѓу првите бутици во Битола.  Сопственичката Лилјана Илиевска покрај овој јубилеј слави и 50 години работа во продажба.Раководител на сектотор за продажба уште во поранешната позната стоковна куќа “Јавор“ во Битола каде работи од првиот ден на нејзното отварање 1975 година. Оние кои купувале во Јавор се сеќаваат на неа по нејзината “плава“ коса и совршена шминка. Препознатлива по својот имиџ, убава блондинка, споредувана со Мерлин Монро. Се кажува во Битола дека доаѓале специјало кај неа да купуваат, а уште се зборуваше дека жените оделе да ја видат како е нашминкана и облечена. И сега плени со својата убавина, но и виталност, ентузијазам и желба за работа.-Тука го поминувам денот, оваа работа ја работм 50 години, но многу ме исполнува, едноставно ја сакам. Имам долгогодишни муштерии. Работата е тешка, сама набавувам роба одам заедно со мојата сестра Зоре од Бугарија или Грција. Понекогаш ја нарачувам на вибер и ми пристигнува вели Лилјана Илиевска за да продолжи за себе и како започна.За себе…

-Завршив средно економско училиште “Јане Сандански“ во Битола и веднаш по завршувањето се вработив во големата позната стоковна куќа “Јавор“ , која се отвори 1975 година, уште од првиот ден. Најпрво работев на штандот за парфимерија кој беше на првиот спрат. Потоа бев назначена за раководител на продажан сектор и на штандот за кратка роба, веш. Работев 21 година, но со распаѓањето на “Јавор“ се одлучив да отворам свој сопствен бутик.Бутик “Креола МЕ-МИ“

-Во 1994 година го отворив  бутик “Креола МЕ-МИ“ за долна облека, кратка стока, женска конфекција. Најпрво претежно продавав ексклузивна долна облека од “Lisca“, “Beti Metlika“. Подоцна се зголемуваше  побарувачката и ја проширив продажбата добив и фустани, пантолони. Во оваа  бранша работам 30 години. Бутикот се отвори  август 1994. Имам роба која стилски одговара за претежно госпоѓи.  Тие ми се најголем број муштерии. Но, имам роба и за млади односно од роба од М (38) до 5 XL (62).За името “Креола МЕ-МИ“

-Мојот дуќан  е препознатлив еве надвор на излогот стои името “Креола МЕ-МИ“ и има голем значење за мене. Најпрво ја продолжува традиција на уметничкото име на мојот свекор. Тој беше познат опрески пејач Методија Илиевски – Креола живееше и работеше во Скопје. Се преселија во Битола после земјотресот. Така се запознавме со сопругот. Добивме двајца близнаци Методија и Михајло. Така е добиено името “Креола МЕ МИ“ од уметничкото име на мојот свекор и првите букви на моите синови.-Се гордеам што оваа година славам 30 години, а имам ентузијазам, желба и енергија да работам и понатаму, бидејќи оваа работа ме исполнува, вели со многу емоции Лилјана Илиевска, сопственичката на бутикот “Креола МЕ-МИ“.Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска