Press "Enter" to skip to content

Плетени октоподи за предвремено родените бебиња во болница “Плодност“

-Методата која го воодушеви светот, на голема радост на персоналот и на родителите, се применува и во болница “Плодност“.

Кај предвремено родените бебенца, додека се во инкубатор, во нивна близина се поставува плетен октопод, кој ја симулира папочната врвца на мајката. Со извитканите делови го допира бебето и го потсетува дека сеуште е во мајчината утроба.

Во сите софистицирани медицински центри во светот се применува оваа метода, која на бебето многу му помага во мозочниот развој и има утврдени позитивни ефекти врз целосниот развој на предвремено родените бебиња.

Октоподот истовремено има и смирувачко влијание врз бебињата, затоа што кога со малите рачиња го држат кракот на октоподот, мислат дека ја држат папочната врвца на мајката, така што мирно ја поднесуваат сондата и не ја вадат од устата додека се во инкубаторот.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »