Press "Enter" to skip to content

6. по ред, ексклузивна ретро-журка во чест на половина век диско “Орфеј“ во “Расчекор“ во Битола

-Годинава на 26 јули, утре, во ноќниот клуб “Расчекор“ во Битола ќе се одржи 6. по ред “Ретро журка Орфеј“, која ќе биде посветена на еден редок јубилеј, а тоа е 50 години од отворањето на диското “Орфеј“ во Битола еден од култните објекти за забава на битолчани во изминатиот век.

-И овој пат како во старите времиња битолчани ќе ги “вратат“, преку музиката, ди-џеите Николче Терзиевски, Иле Косата и Кекело. 

-Се надеваме дека со оваа журка ќе ги потсетиме многу генерациии на нивната младост и каде и како се забавувале… Секако голем дел од нив ќе се сретнат по повеќе години, ќе се соберат истите “друштва“, ќе се присетат на дружењето, мајтапите. Можеби некој и ќе ја сретне својата симпатија од младоста. Една журка која сите ќе не врати во време на младоста. Се надеваме настанот да прерасни во традиција, рекоа организаторите. (ЈУНИ 26, 2019)

Вака пишуваваме најавувајќи ја првата “Ретро журка Орфеј“ во 2019 година, а оваа година, 2024 година ќе се одржи 6. по ред ретро-журка и организаторите се годри бидејќи ова прераснува во традиција.

-Ме радува што така го започнуваме разговорот, дека ова што започна со првата ретро-журка сега е традиција. А, како дојдовме до то 6. по ред, веднаш дека има голем интерес, ќе кажам дека е постигнато со ентузијазмот на сите кои се вклучени во органзацијата. И оваа година ноќниот клуб “Расчекор“ од Битола и овој пат ги отвора вратите за “Ретро журка Орфеј“, која ние како ноќен клуб ја поддржавме и ќе продолжиме, пред се поради убавите зборови кои ги кажуваат оние кои биле присутни, кои по којзнае кој пат ни потврдија дека одлично се забавуваат, вели Марио Трифуновски, еден од сопствениците на ноќниот клуб “Расчекор“ во Битола.

И оваа година“постава“ на ди-џеи, Николче Терзивски, кој е од времето на “Орфеј“ заедно со Иле Косата и Кекело ќе имаме уште една прекрасно помината вечер, а Николче Терзиевски вели: 

-Сакам сите да се подготват за утрешната ретро-журка полна со „Stayin’ Alive“ моменти и незаборавна “Забава до бесвест“. Ние тројцата ди-џеи, секако со организаторите Марио, Брус Ли и Сашо ве покануваме на нашата ексклузивна ретро журка во чест на половина век од отворањето на нашиот омилен клуб „ОРФЕЈ“. Ова е ноќ кога ќе ги оживееме најдобрите „Disco Inferno“ хитови и ќе танцуваме „All Night Long“. Со „Boogie Wonderland“ вибрации, ве покануваме да се облечете во вашиот најдобар „Le Freak“ костим и да се подготвите за „Night Fever“, вели Николче Терзиевски.

Иле Косата вели дека нему му претставува чест да биде заедно со битолчани на оваа јубилејна “Ретро журка Орфеј“, а посебно тоа што е дел од тројцата ди-џеи кои ќе ги забавуваат битолчани.

-Вечерта ќе биде исполнета со хитови од „I Will Survive“, преку „Високи штикли…“, па се до „Пусти, пусти, моду“, и гарантираме дека наредниот ден ќе кажете дека „Last Night DJ Saved My Life“. Сите „Dancing Queen“, „Bad Girls“, „Sex Bomb“, „Macho Man“ и „Sex Machine“ се добредојдени да се приклучат на оваа фантастична вечер каде што „Celebration“ ќе биде нашeтo мото.  Не пропуштајте ја оваа уникатна шанса да ја прославиме заедно нашата љубов кон музиката и да создадеме нови спомени, бидејќи „Love Is In The Air“. Најдете ја вашата „Super Freak“ страна и дојдете на нашата ретро журка за да ја направиме оваа ноќ една од оние кои никогаш нема да ги заборавиме, затоа што „We Are Family“, додава Иле Косата. 

-“Расчекор“ е „Our House“, а утре, 26 јули („Кад че тај петак“) е денот, а вратите се отвораат во 21:00 часот. Затоа „Don’t Stop ‘Til You Get Enough“ од забава и музика. Се гледаме на подиум! Како еден од организаторите на “Ретро журка Орфеј“ чест и задоволство ми е да најавам дека се е подготвено. Летна журка на задоволство за сите нас кои се дружевме  во тинејџерските денови да се потсетиме и видиме истите. Секако ќе има и млада популација кои се љубители на ретро музиката од  70, 80, 90-тите…, рече еден од организаторите Драги Лажиовски – Брус Ли.

Златко Самарџиев – Кекел, кој е дел од организацијата, а и самиот ќе “пушта музика“ додава во негов стил: сите да дојдат и да се забавуваат, да поиграат, а богами некои можеби повторно ќе ги видат старите симпатии и љубови.

-Ќе ги испочитувавме барањата врз основа на реакциите на сите кои се забавуваа во сите изминати пет ретро-журки и ќе се забавуваат на 6. по ред. Ние тројцата се договоривме како и по кој редослед ќе се одвива забавата, нека биде преубава журка, бидејќи диско “Орфеј“ и јубилејот 50 години од отворањето тоа го заслужува. Ние уште и се договоривме да го задржуваме правото да менуваме, да импровизираме од плеј-листата, да имаме незаборавме вечер. Оние кои ќе бидат во “Расчекор“ да не се сеќаваат само на времето на “Орфеј“ туку и на оваа вечер која ни претстои.

-“Расчекор“ќе биде отворен и за младата популација, истите ќе уживаат во прекрасните хитови од нашето време. Настанот полека преминува во културна традиција на градот и тоа ни е голема чест, додава Марио Трифуновски.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »