Press "Enter" to skip to content

Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола

24 годишниот бек кој е роден во Њу Џерси игра на позицијата бек и досега се натпреваруваше во колеџ лигата во САД, потпиша договор со КК Пелистер од Битола .

Својата колеџ кариера ја започна во силниот универзитет Виланова, таму настапуваше во првите три сезони.

Во својата сениорска година се префрли во универзитетот Редфорд кој исто така е Division 1 колеџ и тука ја имаше својата најсилна сезона каде што настапи на 31 натпревар и во просек постигнуваше по 11.4 поени, 3.6 скокови, 1.7 асистенции со процент на шут од речиси 40%.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »