Press "Enter" to skip to content

Илјадници верници синоќа и денес во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)

Како и “од годините“, како што велат битолчани, синоќа, како што сме научени да гледаме илјадници верници од Битола и Битолско, вечерта спроти денот на Архангел Михаил, ја посетија истоимената црква во месноста “Довлеџик“, кои останаа верни на децениската традиција.Убавото време и вербата во светецот, ги донесе битолчани во убавата црква, а се чини како никогаш да немало толку многу  народ, колони уште од Педагошка. 

Во дворот на црквата голе број верници, стрпливо чекаа да запалат свеќа и да се помолат.Поради големата гужва ред се чекаше да се влезе внатре во црквата и да ја целуваат светата икона и ги видат прекрасните фрески на ѕидовите и иконите на иконостасот.А, така беше и за влез во малото црквиче каде е светата вода.

Но, и денес се очекува тука да има голем број верници, кои синоќа не успеаја да дојдат во црква “Св. Архангел Гаврил“, за да се помолат за здравје и простување на гревовите.

More from ВестиMore posts in Вести »